Volkswagen повлекува половина милион автомобили

“Очекувавме повеќе од Volkswagen”, рекла Cynthia Giles, претставничка на EPA.

 |  инфодеск  | 

Администрацијата на Барак Обама му наредила на Volkswagen повлекување на околу 500.000 автомобили, јавува New York Times.

Имено, Volkswagen во своите автомобили тајно инсталирал посебен софтвер кој за време на тестирањето од страна на американската агенција за заштита на човековата околина (EPA) ги вклучувал системите за контрола на издувните гасови, а откако ќе завршело тестирањето софтверот автоматски ги исклучувал тие системи и потоа автомобилите испуштале и до 40 пати повеќе штетни гасови од дозволените количини.

“Очекувавме повеќе од Volkswagen”, рекла Cynthia Giles. Претставничка на EPA и додала дека познатиот германски производител на автомобили “е закана за јавното здравје”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top