Facebook лансира нова алатка за новинари

Алатката овозможува полесно пребарување на содржините

 |  инфодеск  | 

Facebook Signal е новата алатка која им овозможува на новинарите полесно и побрзо пребарување на содржините како што се слики, видеа, постови и релевантни трендови на Facebook и Instagram.

Алатката е потполно бесплатна, а на новинарите им е овозможено прегледување и следење на популарни теми и релевантните содржини за нив кои се објавуваат јавно на овие социјални мрежи и од страна на самите страници и од самите луѓе.

Новинарите, исто така, ќе имаат пристап до листата на јавни личности кои се најмногу споменувани во тие објави, вклучувајќи расправи на политичари, автори, актери, музичари, спортисти и други.

Со помош на локациски тагови и релевантни теми, новинарите ќе можат да пребаруваат и фотографии на Instagram, поточно оние кои го задоволуваат хаштагот кој се пребарува, а потоа ќе можат да се видат и јавните профили или означените локации, а сето тоа на интерактивна мапа.

За да се работи полесно и побрзо, Signal овозможува брзо копирање на кодот за вградување постови на страниците.

Алатката е потполно бесплатна, моментално е достапна само во САД, но наскоро ќе биде овозможена и ширум светот. За повеќе информации можете да го посетите следниот линк каде можете уредно да се регистрирате дека сте новинар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top