Станува збор за Batband слушалки кој по пат на bluetooth се поврзуваат со компјутерот или било кој друг мобилен уред, а батеријата на овие слушалки вредни околу 140 долари допушта шест часа непрекинато уживање во омилените хитови.
Оваа технологија се опишува како искористување на проводливоста на коските бидејќи брановите низ коските водат кон внатрешното уво, а најкраткиот и најефикасен начин е пропуштање на брановите низ коските од главата. Во научните кругови оваа технологија е позната повеќе од 40 години, а тоа многу добро го знаат и лицата со оштетен слух кој со години користат апарати втемелени токму на оваа технологија.
Ако ја сакате музиката, но истоврмено сакате да бидете потполно свесни за својата околина овие слушалки се идеални за тоа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град