Советот за електронски медиуми во Хрватска одлучи да реагира на жалбите на гледачите поврзани со термините на прикажување на шоуто “Големиот брат”.
Имено, советот за електронски медиуми во Хрватска на седницата одржана на 14 септември донесло одлука за издавање налог за казна до издавачот RTL Hrvatska d.o.o. за кршење на член од законот за електронски медиуми врз основа на извршениот надзор над емитувани програми на Big Brother на 6 и 8 септември оваа година.
Прекршочниот налог е издаден до телевизијата како правно лице со износ од 100.000 хрватски куни, но и до одговорните лица со износ од 10.000 куни, пишува во соопштението на официјалната страница.
За потсетување, поради жалбите на гледачите дека содржините кои се емитувани во првите епизоди на ова реално шоу не биле соодветни за децата и младата популација, реагираше тамошната Агенција за електронски медиуми и правобранителката за деца, а воедно телевизијата треба и да ги помести термините за емитување на ова реално шоу.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град