Можна одлука која ќе ја почувствува целиот свет

Можен потенцијален раст на американскиот долар?

 |  инфодеск  | 

На состанокот на лидерите на американската централна банка кој ќе се одржи овој четврток ќе се одлучува за висината на референтните каматни стапки. Каматните стапки во САД веќе седум години се на најниско ниво во историјата па задолжувањето на граѓаните и компаниите беше изнимно евтино, што би можело сега да се промени.

Меѓу инвеститорите на финансиските пазари, но и во економските институции како што е ММФ постои стравување дека глобалното стопанство сеуште не е спремно на раст на каматните стапки. Имено, во поголемиот дел на светот каматните стапки се исто така ниски, или во тренд на опаѓање, па така растот на каматните стапки во САД би предизвикале масовно префрлување на капиталот од остатокот на светот во САД што би можело да доведе до дестабилизација во финансиските системи во земјите во развој. Нешто слично се случи во Турција откако во САД беше завршена програмата за вбризгување пари во финансискиот систем и во Русија по почетокот на конфликтот во Украина, па централните банки на наведените земји мораа да интервенираат за да спречат паника и нагло слабеење на сопствените валути.

Каква и да биде одлуката во четврток можни се големи и нагли поместувања на сите финансиски пазари, а во првите минути по објавата на веста курсот на доларот во однос на еврото би можел да се смени и до 1-2%.

Доколку дојде до подигнување на каматните стапки, во следните месеци американскиот долар би можел да расте во однос на еврото за 5-10%, а во следната година би можел накратко да биде посилен од еврото. Доколку пак подигањето на каматните стапки се одложи, доларот веројатно ќе падне за додатни неколку проценти од сегашното ниво и ќе почне да јакне пред следниот состанок на американската централна банка, велат аналитичарите за финансиски пазари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top