Ваква најава, многу потсетува на филмовите за Франкештајн, за која бројни медицински, па и технолошки експерти сметаат дека се “сериозна закана”, но тоа очигледно не им пречи на италијанскиот неврохирург Др. Серџо Канаверо и 30 годишниот компјутерски експерт од Русија Валериј Спиридонов. На Спиридонов му е дијагностицирана ретка генетска болест Werdnig-Hoffman, која предизвикува уништување на мускулите и епилогот е смртоносен.
Но, со напредокот на технологијата се отвори досега незамислива можност, а тоа е дека Спиридонов ќе се подложи на операција – трансплантација на главата која би требало да му го спаси животот. За тоа како секој од нас би се однесувал во ваква ситуација е беспредметно да се расправа бидејќи Русинот е спремен, а Др. Канаверо се припрема.
“Кога сватив дека би можел да учествувам во нешто вакво големо не се двоумев воопшто. И единствено што чувствувам е исчекувањето, ова се припреми за нешто огромно и не само во мојот живот”, рекол Спиридонов.
Спрема проценките на италијанскиот доктор сите припреми би требало да бидат готови за околу две години, така што операцијата е закажана за декември 2017 година. Таа би требало да трае 36 часа, а тимот на Др. Канаверо и самиот Спиридонов се апсолутно уверени дека операцијата ќе биде успешна.
“Да не мислам така воопшто не би се впуштал во ова. Што ќе направам прво кога ќе заврши операцијата? Ќе одам на годишен одмор! Едвај чекам да доживеам да сум повторно здрав”, заклучил Спиридонов.
Реакциите на оваа објава се очекуваат допрва, а контроверзите околу целата оваа приказна додатно ќе се интензивираат. Но, очигледно е дека враќање назад нема…
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град