Почеток на нов и опасен тренд

Внимателно со порнографијата на Android

 |  инфодеск  | 

Едно од најважните правила кое за корисниците на мобилни уреди кои работат на Android е апликациите да ги земаат само од официјалната онлајн трговија GooglePlay. На овој начин се намалува веројатноста од земање на некоја сомнителна и опасна апликација која би можела да го зарази мобилниот уред како што е апликацијата Adult Player.

Станува збор за апликација со содржина за возрасни која е наменета на љубителите на порнографија и која не е достапна на Google Play, туку корисниците можат да ја земат од други интернет страници. По инсталацијата оваа апликација (се разбира без знаење на корисникот), снима фотографии со предната камера а потоа го заклучува телефонот и од неговиот корисник бара плаќање на откупнина во износ од 500 долари. Во случај да не се плати откупнината, криминалците можат да ја избришат содржината на телефонот или да ги објават фотографиите кој во тајност ги снимал со предната камера.

Овој начин на уцена, кој е почест на компјутерите отколку на телефоните, досега се покажал прилично успешен – со заклучување на уредот на корисниците им се блокирани бројни важни датотеки и фотографии, поради што некои биле спремни да платат и по пар стотини долари само за да им останат документите достапни.

Исто така, порнографските апликации носат и фактор на нелагодност бидејќи корисникот може да се сними во некои нелагодни ситуации па потоа тој попрво би платил отколку тие фотографии јавно да се објават на интернет. Апликациите како Adult Player би можеле да бидат нов опасен тренд во сѐ поголемиот број напаѓачи на корисниците на мобилни уреди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top