На писта пламна авион со 159 патници

Авион кој требало да полета за Лондон не успеал да замине поради пожар

 |  инфодеск  | 

Авион на British Airways на пат за Лондон со 172 лица се запалил на пистата на аеродромот во Лас Вегас, јавува SkyNews.

Боингот 777-200 се припремал за полетување кога левиот мотор се запалил и се појавил облак со црн чад. 159 патници и 13 членови на екипажот се евакуирани, а со пожарот се бореле 50-тина пожарникари. 14 лица завршиле во болница со полесни повреди.

Во снимката од пилотската кабина објавена на интернет и на американските тв станици се слуша пилотот како повикува на помош со зборовите “SOS”, “SOS”! “Ни требаат пожарникари”. Пилотот на авионот добил пофалби поради постапката во оваа ситуација. “Екипажот го прекинал полетувањето и почнал процедура за евакуација на патниците на пистата со помош на тобоган за итна евакуација”, рекол портпаролот на државната агенција за воздухопловство на САД, Ian Gregor.

Портпаролката на аеродромот изразила голема благодарност на официјалните лица кои итно интервенирале, како и на членовите на екипажот.

Пожарникарите до авионот стигнале за две минути по дојавата за пожарот, а во рок од пет минути биле евакуирани сите лица кои биле во авионот.

Во тек е истрага која треба да утврди зошто се запалил моторот од авионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top