Голема е бројката на лица кои се борат со минусите на тековните сметки, а некои се толку должни што и покрај платата сеуште се наоѓаат во голем негативен минус. Кога се нема заштеда најважно е да се соочите со долговите и да започнете полека со намалување.
Кога рамнотежата помеѓу вашите приходи и расходи е нарушена, единствено решение или да почнете помалку да трошите или да заработувате повеќе.
Прв чекор: Пресметајте колку должите – Префрлањето од една сметка на друга е лажење себеси со правата бројка која навистина ја должите. Така можете да се лажете сѐ додека не се соочите со вистинската бројка. Од тој маѓепсан круг можете полека да се извлечете кога ќе направите табела на трошоци, да ги вклучите во неа сите неплатени рати, неплатени сметки на кредитните картички, па дури и хипотеката. Приоритетот би требало да биде плаќање на трошоците на потрошувачките картички. Потоа направете три пресметки: Колку должите на кредитните картички и останатите потрошувачки кредити, колку пари годишно трошите на забава и колкав дел на вашата плата секој месец оди на отплата на тие долгови.
Втор чекор: Откријте го коренот на проблемот – Ако ги решавате само последиците на проблемот тоа не е доволно. Морате да го најдете причинителот на проблемот, односно што довело до таа ситуација. Почнете да ја следите потрошувачката и откријте на кои подрачја можете да ги намалите трошоците. Тоа можете да го направите така што сите сметки да ги запишувате во табелата и така да ја контролирате потрошувачката, а подоцна можете да видите каде можете да намалите со трошење.
Трет чекор: Направете го тоа тимски – Повикајте го семејството и заеднички одлучете во кои сегменти би можеле да ја намалите потрошувачката. Ако успеете тоа да го направите ќе имате многу добри резултати. Нема ништо лошо во тоа и децата да знаат што не можете да си дозволите, бидејќи така ќе ги научите да ги разликуваат желбите од потребите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град