Цените во онлајн продавниците се често поповолни отколку во вистинските дуќани, а со условот детално да ја проверите веб-продавницата, купувањето по пат на интернет е најисплатливо. Но, пред да купувате преку интернет важно е да ги прочитате неколкуте совети кои можат да бидат од полза.
-Проверете го добавувачот, односно онлајн продавницата и неговата репутација. Пред да се одлучите за купување и да впишете било каква информација за картичката, проверете ја веб-продавницата. Повеќето страници имаат рубрика “најчести прашања” – прегледајте ги и додатно информирајте се за тоа. Проверете ги условите при работа со интернет продавницата. Внимателно проучете ги условите за плаќање, доставата, рекламациите и враќањето на робата. Видете дали веб-страницата има назначено адреса и број на телефон, повикајте ја и проверете дали е сѐ во ред.
-Прочитајте ги информациите на онлајн продавницата за приватност на личните податоци. Проверете каков е официјалниот став за безбедност на вашите лични информации. Впишете ги само оние информации кои вие ги сакате. Ако поради тоа не можете да купувате сменете ја продавницата.
-Купувајте во продавници кои обезбедуваат енкрипција на личните податоци. Купувајте само во продавници кои користат SSL (Secure Socket Layer), односно енкрипциска технологија за безбедност на личните податоци, која автоматски ги претвора вашите податоци во безбеден криптиран облик. Тоа ќе го препознаете така што адресата на страницата започнува со https://. Друго препознавање е ознаката за безбедност таканаречена padlock – мал клуч, чие иконче се наоѓа кај впишаниот поим на пребарувачот. Certificate е третиот облик за препознавање на безбедна веб-страница, на пример MasterCard Secure code или Verified by Visa.
-Смислете безбедна лозинка. Не користете имиња, датуми на раѓање, број на телефон или низа од 1234… во лозинката. Одберете шест или повеќе големи и мали букви, бројки и други симболи на тастатурата (!*%@#()_+-={}/”<>). Не ја користете истата лозинка за повеќе онлајн продавници.
-Картичките се најсигурно средство за плаќање. Онлајн купувањето со картичка е најбезбедно и законски не е дозволено користење на картичка од друго лице од она кое потпишало договор со издавачот на картичката. За секој случај направете копија на веб-страницата на која се гледа што сте нарачале, како и на страницата која го прикажува името на компанијата, поштенската адреса, бројот на телефон и правните услови на политиката на компанијата и на политиката за враќање на робата. Вообичаено е да добиете меил за потврда на купувањето, а пожелно е да го сочувате или испринтате. Барем еднаш месечно проверете ја банкарската сметка и извештаите за своите трошоци за да проверите дали има нешто што вие не сте го купиле.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град