Научниците предупредуваат дека Медитеранот е во опасност

Феномен кој е редок во Медитеранот, но се појавува еднаш на 100 години

 |  инфодеск  | 

Големи цунами со разорна моќ би можеле да погодат голем број на популарни медитерански летувалишта и би загрозиле повеќе од 130 милиони луѓе кои се населени на брегот, открива новата студија.

Научниците од Универзитетот од Болоња ги проучувале потресите на подрачјето на северна Африка и изработиле симулација која ги бележи силината и големината на брановите кои потресот би ги предизвикал. Тие пресметале доколку дојде до потрес од 7 степени по Рихтеровата скала на истокот на Сицилија или северниот дел на Крит, огромна површина на брегот на Медитеранот би бил под вода, пренесува DailyMail.

Истражувањето на влијанието на потресите во Медитеранот покажале дека доколку дојде до такво сценарио, голем број на туристички дестинации на Медитеранот би можеле да бидат погодени со големи бранови со разорна моќ.

Пресметките покажале дека во таков случај дури 3,8 квадратни километри на грчкиот Крит ќе бидат потполно под вода и засекогаш изгубени, а италијанската Сицилија би била помала за 0,5 квадратни километри.

Научниците предупредуваат дека појава на вакви цунами во Медитеранот е изнимно ретка појава, но сепак се појавуваат еднаш во 100 години. Последниот голем цунами се случил во 1908 година предизвикан со земјотресот во италијанската Месина, а под брановите кои достигнувале и до 10 метри останале илјадници луѓе.

Др. Achilleas Samaras, инженер по динамика на бранови од Универзитетот во Болоња и водечкиот автор на претставената студија рекол дека целта им била да ги анализираат можните штети и влијанието на потресите на подрачјето на Медитеранот.

“Нашата студија може да им помогне на владите во припремање на решенија за овие можни сценарија”, додал Samaras.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top