H&M нуди еден милион евра за нов модел на рециклирање

Постоечките методи на рециклажа со незадоволителни резултати

 |  инфодеск  | 

Еден од најголемите светски модни гиганти Hannes&Mauritz (H&M) промовирајќи рециклирани материјали се обидува да го намали загадувањето на човековата околина и апелира на недостаток на суровини.

За таа цел, веќе следната недела имаат намера да покренат линија за фармерки изработени од рециклиран памук, а ветуваат награда од еден милион евра за дизајнерот кој ќе им помогне да развијат нови техники за рециклирање на влакната кои ќе го задржат почетниот квалитет. Извршниот директор на H&M, Karl-Johan Persson и официјално ги потврдил овие најави.

Постоечките методи за рециклажа, вели, резултираат со незадоволителен квалитет на материјалот. Моментално не постои ефективен начин на рециклирање на облека од мешовит материјал, така што повеќето завршуваат на отпад. Од друга страна, критичарите веруваат дека рециклирањето е само одвраќање на вниманието од вистинскиот предизвик на модната индустрија – фактот дека купувачите не можат да носат иста облека повеќе години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top