ЕУ порачува: Балканот мора да ја превземе одговорноста со прашањето на бегалците

Бегалците ќе бидат главно прашање на денешната конференција на ЕУ и земјите од западен Балкан

 |  инфодеск  | 

Прашањето на зголемен број мигранти кои сакаат во Европа преку “западнобалканската” рута ќе биде едно од главните прашања на денешната конференција на ЕУ и земјите од западен Балкан која се одржува во рамките на Берлинскиот процес, а државите во регионот, но и ЕУ имаат заедничка одговорност за тој предизвик, потврдиле помеѓу останатото во својата заедничка изјава за конференцијата и нејзините цели, германскиот и австрискиот министер за надворешни работи, Frank-Walter Steinmier и Sebastian Kurz.

Конференцијата, како што се наведува, посебно внимание ќе посвети на фактот дека западнобалканската рута стана главна во настојувањето на сѐ поголемиот број мигранти кои одат во Европа, стои во нивната најава на темата на конференцијата, а ја објави љубљанско Delo.

“Таквиот развој на настаните носи бројни предизвици за контрола на границите и системот за азил, како во некои држави на западен Балкан, така и во државите членки”, наведуваат Steinmeier и Kurz, и додаваат дека државите во регионот мораат да ја прифатат одговорноста за надминување на тие предизвици, при што ќе имаат помош од ЕУ.

Германскиот и австрискиот министер ги повториле ставовите дека конечната цел на Берлинскиот процес, кој го започна Германија, овозможува полноправно членство на сите држави на западен Балкан во Европската унија, при што тие мораат да ги продолжат реформите и да ги стабилизираат меѓусебните односи.

И покрај потешкотиите кои постојат на тој план, а кои се покажаа во овогодинешните случувања во Сребреница или кај проблемот со мигрантите, земјите во регионот забележале многу работи кои можат да се оценат како успешни, а особено кога станува збор за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Кога станува збор за Македонија, шефовите на дипломатиите на Германија и Австрија ги повикаа сите македонски партии да овозможат брзи реформи кои ќе овозможат “слободни и чесни избори” во април идната година.

За состојбите во БиХ оцениле дека новиот и посилен ангажман на ЕУ придонел до поголемо внимание кое се посветува на спроведување на реформите кои ќе бидат во интерес на сите луѓе во таа држава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top