Пронајден одамна исчезнатиот нацистички воз преполн со злато?

300 тони злато лежат во подземен тунел

 |  инфодеск  | 

Двајца мажи од Полска тврдат дека го пронашле одамна исчезнатиот воз кој е наводно полн со злато, скапоцени камења и оружје. Возот исчезнал недалеку од градот Вроцлав во 1945 година во момент кога му се приближувале советските сили, пишува The Guardian

Една адвокатска компанија вели дека и порано се обратиле споменатите двајца мажи и дека сакаат 10% од вкупната вредност која се наоѓа во возот.

Возот наводно исчезнал недалеку од замокот Ксиаз во Валбрцих чии локални функционери велат дека се скептични, но и дека ќе проверат за што се работи.

На ова потенцијално откритие моментално работат адвокати, војската, полицијата и пожарникарите. Имено, на тоа подрачје никогаш не се вршеле поголеми ископувања па не се знае што ги очекува.

Навистина постои можност дека е пронајден возот бидејќи некои веруваат дека во 1945 година тој е скриен во еден од неброените тунели кои нацистите ги изградиле на тоа подрачје, а можно е дека тој се наоѓа во подземниот тунел каде постои опасност од насобран метан што би можел да предизвика експлозии.

Во возот наводно се наоѓаат околу 300 тони злато.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top