Руската автоиндустрија пред колапс

Производителите соочени со преполовена продажба

 |  инфодеск  | 

Остриот пад на рубљата би можел да ја доведе руската автоиндустрија до колапс. Поради потпирањето на странските производители на автомобилски делови, а имајќи ги во предвид разликите во валутните курсеви, производителите се присилени на подигнување на цените на автомобилите за да ги надоместат трошоците. На овој начин руските производители стануваат неконкурентни на пазарите.
Земјата која бележи економски пад од 4,6% во второто тромесечие може да очекува понатамошно слабеење на националната валута. “Доколку рубљата продолжи со паѓање, пазарот би можел да опадне за 30%”, предупредил аналитичарот Vladimir Bespalov, пренесува Reuters.
По десет години на раст на продажбата, руската автоиндустрија сега се смета за нова жртва на економската криза за која се заслужни падот на цената на нафтата и теретот на западните санкции како одговор на улогата на Москва во украинската криза.
Продажбата на автомобили на рускиот пазар е преполовена во однос на шпицот во 2012 и 2013 година кога Русија го завзеде местото пред Германија како најголем европски пазар. Една од причините е и скратувањето на платите, намалување на бројот на вработени, растот на цената на храната за повеќе од една петтина и истовремено слабеењето на куповната моќ на луѓето.
Истовремено рускиот извоз на автомобили падна за 27% на 49.000 возила во првите шест месеци оваа година, а показател се податоците од царините. Курсот во однос на доларот моментално е 65 рубљи, додека пред три години беше 30 рубљи. Со тоа увозот на делови се зголемил за двојно. Производителите како што се Wolkswagen и Ford повеќе од половина на делови кои ги користат за изработка на автомобили ги увезуваат од странство. Пазарниот лидер, Avtovaz, производителот на Lada, една петтина од увозот му доаѓа од странски добавувачи.
Kia Motors, производител на еден од најпопуларните модели, ги зголеми цените за 15% во првото полугодие. Во истиот период просечните цени на автомобилите се зголемиле за 18%.
Julija Dicenkova, директорка на застапништвото за Mazda, вели дека руските производители ја достигнале точката во која понатамошна ревизија на цените е неизбежна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top