Компанијата Thoth Technology сместена во канадскиот Онтарио добила права за изградба на структура која, како што се предвидува, на принцип на лифт ќе ги праќа астронаутите од Земјата во вселената.
Канадската компанија дизајнирала кула висока 20 километри чија цел ќе биде превоз на астронаутите во вселената со лифт. Плановите за изградба на овој вселенски лифт веќе се одобрени од страна на американското биро за патенти, пишува The Independent.
Оваа кула ќе биде 20 пати повисока од моментално највисоката зграда на светот, Burj Khalifa. Од компанијата Thoth Technology напоменуваат дека нивната градба ќе пружа нов начин на одење во вселената, а со нејзината употреба ќе се намали за 30% употребата на гориво кое е потребно за стартување на летало за вселената.
Освен како лифт за вселената, оваа кула ќе служи за производство на енергија со помош на ветро вите, за комуникации, но и за туризам.
“Астронаутите ќе патуваат 20 километри со лифт, а од врвот директно ќе летаат кон вселената”, рекол главниот проектант др. Brendan Quine.
Иако до вселената има уште многу километри, оваа кула ќе биде повисока од таканаречениот “Армстронгов лимит” кој е поставен на 19 километри од Земјината површина, точка во која поради атмосферскиот притисок кој е изнимно низок, водата во телото достигнува точка на вриење. Меѓу останатите предизвици со кои ќе се соочи кулата се и ефектите на ветерот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град