Многу земји воведуваат големи рестрикции кога се во прашање пушачите, како што е забрана на пушењето на јавни места, за да го заштитат здравјето на своето население.
Исто така, сѐ почесто се воведуваат високи даноци и акцизи на овие производи поради што цигарите стануваат сѐ поскапи.
Просечната цена на цигарите во поединечни земји е толку висока што едноставно граѓаните ги тера да престанат да пушат. На пример, во Австралија просечна цена на кутија цигари изнесува повеќе од 16 долари.
Ова е попис на земји каде цигарите се најскапи:
-Австралија 16,11 долари
-Нов Зеланд 14,67 долари
-Норвешка 14,48 долари
-Велика Британија 12,25 долари
-Исланд 9,51 долари
-Канада 9,26 долари
-Франција 8,83 долари
-Швајцарија 8,77 долари
-Папуа Нова Гвинеја 8,23 долари
-Шведска 8,15 долари
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град