Samsung го претстави новиот член на фамилијата Galaxy

Пред само шест месеци беше претставен Galaxy S6 Edge а вчера најновиот модел Galaxy S6 Edge+

 |  инфодеск  | 

Компанијата Samsung пред шест месеци го претстави телефонот Galaxy S6 Edge, а веќе вчера на случувањето во Њујорк имавме прилика да го видиме најновиот модел Galaxy S6 Edge+.
Новиот член на фамилијата Galaxy е надоградба на единствениот и иновативен дизајн на смарт телефонот Galaxy S6 Edge.
Телефонот доаѓа со поголем екран и повеќе RAM меморија за да се подобри мултитаскинг процесот. Сепак, ако барате хардверски разлики, нема многу да ги пронајдете.
Единствена и вистинска промена е 5,7 инчниот Quad HD Super Amoled екранот. Кога е во прашање хардверот, телефоните се скоро идентични, а тоа подразбира осмојадрен Exynos 7420 chipset со 4GB RAM меморија, 32 или 64 внатрешна меморија, како и камера од 16 мегапиксели од задната страна и камера од 5 мегапиксели од предната. Не смее да се заборави и батеријата со капацитет од 3000 mAh.
Ако се бараат дизајнерски разлики, и тие, нема многу да изненадат. И покрај сè би можело да се каже дека се доби еден голем Galaxy S6 Edge.
Samsung Galaxy S6 Edge+ доаѓа со инсталиран Android 5.11 Lollipop оперативен систем и TouchWiz UI кориснички интерфејс. Исто така, тој е опремен и унапреден со безбедносни апликации KNOX Active Protection и My Knox апликација со брзо и едноставно подесување како би дошло до додатна заштита на приватноста на корисничните информации.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top