Револуционерен туш кој ја намалува потрошувачката на вода за 70%

Системот Nebia покрива 10 пати повеќе површина од традиционалниот туш а троши 70% помалку вода

 |  инфодеск  | 

Директорот на Apple, Tim Cock и претседателот на Alphabet, Eric Schmidt се на чело на двете најголеми сопернички компании, но тие двајца сепак имаат нешто заедночко. Cock и Schmidt ги здружија силите и дале финансиска поддршка на Nebia eko-frendly тушот кој ја распрскува водата во вид на магла и на тој начин драстично ја намалува потрошувачката на вода.
По петогодишна работа, производот кој ја содржи главата на тушот и преносниот рачен дел, своето место го најде и на Kickstarter каде за само осум часа собра повеќе од 380.000 долари, што е три пати повеќе од првичната цел.
Системот на овој еколошки прифатлив туш создава милиони ситни капки вода кои покриваат дури 10 пати повеќе површина од традиционалниот туш, притоа користејќи 70% помалку вода. На пример, обичниот туш ако побарува 20 литри вода при туширање, Nebia за истото користи само шест литри.
“Тоа е како одење низ облак кој ве чисти”, опишал еден корисник на Kickstarter страницата, што има смисол со оглед дека на италијански nebbia значи магла. Кога ќе се најде во малопродажба цената на овој производ ќе изнесува 399 долари.
Компаниите Equinox, Универзитетот Stanford, Apple и Google веќе имаат инсталиран Nebia прототип за да помогнат во развојот на целокупниот процес.
Компанијата Nebia, со седиште во Сан Франциско, денес брои само седум вработени

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top