Дали доаѓа време за купување на австралиски и новозеландски долари?

Австралискиот и новозеландскиот долар се на пописот валути кои најмногу губеле на вредноста

 |  инфодеск  | 

Во последните години австралискиот и новозеландскиот долар се наоѓаат на листата на валути кои најмногу губеле на вредноста. Новозеландскиот долар во последните 4 години во однос на американскиот долар изгубил 25% од вредноста додека австралискиот во истиот период изгубил дури 33% од својата вредност. Слабеењето во однос на еврото беше нешто послабо, па новозеландскиот остана на исто ниво додека австралискиот долар изгуби 13%.
Причинита за ова е успорувањето на растот на побарувачката на суровини од Кина која е најголем купец на австралиски и новозеландски руди и земјоделски производи што предизвика успорување на стопанскиот раст во овие две наведени земји. Поради тоа австралиската и новозеландската централна банка со години заговараа слабеење на валутата за да на тој начин постигнат ниски цени на суровините за странските купци а со тоа и очекувања на повторен раст на побарувачката. За разлика од австралиската, новозеландската централна банка последните години во повеќе наврати директно интервенираше на пазарот со продажба на NZD и на тој начин намерно ја рушеше вредноста на курсот.
Но, новозеландската централна банка во своите најнови извештаи престана да го нагласува тоа дека сака продолжување на слабеење на NZD, а на последниот состанок на централната банка на Австралија е направен истиот чекор – веќе не се напоменува нужноста од понатамошно слабеење на домашната валута.
Аналитичарите сметаат дека наведените промени во коментарите на двете централни банки се многу значајни и можат да укажат на пресврт на долгогодишниот тренд на курсот на овие валути. Австралискиот и новозеландскиот долар во идната година до две можеби нема значајно да зајакнат во однос на американскиот долар, од кој се очекува исто така јакнење, но би можеле да зајакнат за 5-10% во однос на еврото од кое се очекува слабеење во идната година до две.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top