Susan Wojcicki денес е позната како CEO на YouTube, но кога Google беше непознато име, своите уреди ги смести во гаражата која им ја изнајмила Susan.
Во 1998 година кога Larry Page и Sergey Brin го основаа Google, првите уреди ги поставиле во гаражата на Susan во Menlo паркот во Сан Франциско. Една година подоцна Susan стана прва маркетинг менаџерка, а на тоа место пристигна од Intel. Во Google се занимаваше со вирални маркетиншки програми како и со првите Google Doodle, а делумично учествуваше и во развојот на Google Images и Books.
Подоцна стана претседател за огласување и трговија и ги водеше AdWords, AdSence, Double Click и Analytics и токму таа е заслужна за AdSence платформата која на Google му е втор најголем извор на приходи.
Исто така Susan работеше и на Google Video, па подоцна ја увери управата да го купат YouTube, во тоа време малку позната компанија која се натпреваруваше со Google, а подоцна стана претседател и во 2014 година CEO.
Wojcicki медиумите ја нарекуваат “најважна личност во огласувањето”, и “најважен Googler за кој некогаш ќе чуете.
Google денес е друга приказна. Започна големата реконструкција на компанијата за да се одвои од другите проекти, а ги има многу. Секако, ова е добар потег, но исто така многу комплексен бидејќи Google е компанија со 57.000 вработени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град