Медитеранот станува море на ужасот

Грција се соочува со криза во криза

 |  инфодеск  | 

Медитеранот стана море на ужасот, а спасувачите секојдневно вложуваат натчовечки напори за да ги спасат бегалците од Сирија и Ирак од смрт во морските длабочини. Италијанската полиција ги сомничи трговците со луѓе дека се одговорни за смрт и исчезнување на околу 200 мигранти, по превртување на претоварен брод, а овие опасни патувања ги наплатуваат помеѓу 1200 и 1800 долари.
ОН предупредува на алармантни бројки. Само преку Медитеранот, во Европа оваа година влегле 220.000 емигранти, но има уште еден проблем а тоа се премалите острови во Грција кои не можат да ги примат сите бегалци, па затоа ОН бара од Грција и Европа да превземат нешто.
“Во овој момент Грција е соочена со криза во криза. Емигранти има повеќе од тоа што нашата инфраструктура може да поднесе. Ако ова не се реши на европско ниво и ако не добиеме помош, евидентно е дека тешко ќе ја решиме оваа ситуација”, рекол грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Грција и Италија се најизложени на огромната навалица на бегалци. Само оваа година примиле преку 107.000 бегалци од Сирија и Ирак, што е за дупло поголема бројка од минатата година. Дел од нив успеваат да дојдат до најразвиените европски земји, а само во Германија дневно со воз пристигнуваат околу 200. Поради ова полицијата ги засили контролите, детално ги прегледуваат и се обидуваат да ги идентификуваат. Патувањата на бегалците можат да траат и по неколку години

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top