Единствен град во кој ќе е забранет турбо-фолк

Казната за пуштање новокомпонирана песна ќе биде 50 евра

 |  инфодеск  | 

Претседателот на бугарската општина Копривиштица, Генчо Герданов, забрани пуштање на новокомпонирана фолк музика за време на Националниот собир на бугарското народно творештво.
Казната за непочитување на оваа одлука ќе изнесува од 50 до 100 лева, односно од 25 до 50 евра.
“Мислам дека нема ништо пологично од ова”, рекол Герданов за локалните медиуми.
Имено, Националниот собир на бугарското народно творештво почнува на 7-ми август и се очекува да има околу 12.000 посетители од цела Бугарија.
Овој собир се организира секоја петта година и има традиција долга 50 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top