Сигурно ви се случило во брзање да пратите e-mail кој очајнички сакате да го повлечете или избришете. Иако Gmail овозможи враќање на пратен e-mail во рок од неколку секунди (undo send опцијата), новата Chrome екстензија носи уште подобра можност.
Имено, екстензијата под името Dmail овозможува за корисниците на Google Chrome пребарувачот да контролираат колку долго лицето на кој му е пратен e-mail истиот може да го задржи и да го прочита.
Кога e-mail-от ќе го пратите по пат на Dmail екстензијата, лицето кое праќа ќе може да го намести времето кога истиот ќе се избрише, а тоа може да биде во рок од еден час до најдолго една седмица.
Дури ако испраќачот не го постави тајмерот, e-mail-от во секој момент може да се повлече, што значи дека лицето на кого му е пратен нема да може да го прочита.
Бета верзијата на оваа апликација може да се превземе на линкот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град