Причини поради кои не смее да се употреби исто пластично шише два пати

Најлесни се за транспорт на вода и други освежителни пијалоци, но…

 |  инфодеск  | 

Пластичните шишиња се најлесни за транспорт на вода и други освежителни пијалоци за време на летните горештини, но експертите предупредуваат дека проблемот започнува кога едно шише се користи неколку пати.

Шишето е легло на бактерии – За време на летните горештини бактериите молскавично се шират во околината па посебно внимание треба да се обрне на приборот кој го користиме за јадење и пиење. Најопасен дел од пластичното шише е отворот на кој ги принесуваме усните, бидејќи бактериите се пренесуваат од усната шуплина на нерамните делови од пластиката и таму се размножуваат.

Топлината испушта опасни хемикалии – За да се спречи ширење на бактерии, пластичните шишиња би требало да се измијат со млака вода и детергент. Во желбата детално да се измие шишето многумина посегнуваат по жешка вода која има спротивен ефект од посакуваниот. Пластичните шишиња не се направени за изложување на високи температури бидејќи тие испуштаат хемикалии кои се опасни по живот.

Најсигурен начин е пластичното шише да се користи само еднаш – Пластичните шишиња вода и сокови кои се продаваат во продавниците би требало да се користат само еднаш. На пазарот постојат специјализирани шишиња за повеќекратна намена кои се произведуваат на поинаков начин, но не се 100% сигурни. Ако сакате да ги избегнете бактериите, одберете шишиња со поголемо грло за пиење кое полесно се чисти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top