“Кинескиот сон” за раст на вредноста на имотите и акциите само што започна и ќе направи прилики за инвестиции, пишуваше неодамна водечкиот комунистички дневник во Кина, но тој сон е распрскан за само три недели во кои цените на акциите потонаа повеќе од 30%.
Во Април, кога најважниот индекс на Шангајската берза се проби над 4.000 поени, во уводникот на People’s Daily , дневникот на комунистичката партија, пишуваше дека пазарот на “бикот” допрва доаѓа. Долгорочно кинескиот сон за раст на вредноста на имотите и акциите ќе го поттикне пазарот на капитал и ќе направи големи инвестициски можности, пишуваше во тој, подоцна исмејуван, уводник. Бидејќи, од половината на јуни и почетокот на јули цените на акциите на берзата во Шангај потонаа за повеќе од 30% при што збришаа скоро 4.000 милијарди долари пазарна вредност на кинеските компании.
Паничната распродажба на малите акционери властите се обидоа да го запрат со невидени мерки дотогаш. Водечките 20 брокерски куќи мораа да ветат дека нема да продаваат акции додека се ниски цените и дека во идниот период на пазарот ќе вложат повеќе од 20 милијарди долари. Потоа, властите им забранија на големите акционери продажба на акции и нови јавни понуди на акции, а ги олабавија и кредитите за инвестиции.
По сите овие мерки, дури минатата недела кинескиот пазар донекаде се смири. Но, никој сеуште не е сигурен дека кинеската криза, која ги разниша и другите светски берзи, е завршена. Дури и ако е завршена, ќе помине некое време додека се врати довербата во пазарот од неколкуте милиони инвеститори во Кина.
Мерките кои властите ги превземаа за да го запрат падот на цените го отворија прашањето колку Комунистичката партија е навистина за реформи кон создавање на отворено и подинамично стопанство.
“Широката интервенција на државата, посебно забраната за продажба на акции на големите акционери, ги нарушија реформите во финансискиот сектор”, вели Victor Shih, професор на Универзитетот во Калифорнија. Понатаму, со забраната на иницијалните јавни понуди властите затворија една од опциите за приватните компании, од кои се очекува во иднина да бидат покренувачи на стопанството.
Тие и бројни други мерки кои власта ги превзеде за да ја зауздаат кризата предизвикаа големи критики ширум земјата, но и кај странските инвеститори.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град