Microsoft забележа најголема загуба во својата историја

Спрема извештајот на овој технолошки џин приходите се за 5% помали од истиот период лани

 |  инфодеск  | 

Microsoft  во изминатото тромесечие работел со загуба од 3,2 милијарди долари, најголема во својата историја, а тоа е последица на падот на побарувачката за Windows оперативниот систем и работењето со мобилните телефони на Nokia.
Во исто време продажбата на оперативниот систем Windows за производителите на персонални компјутери опаднала за 22% во однос на истиот период лани кога продажбата била значително поголема поради тоа што Microsoft престана да го поддржува 14 години стариот XP оперативен систем.
Сепак, загубата во тромесечието е исклучително последица на отпишувањето на 7,5 милијарди долари поврзани со реконструкцијата на работењето на Nokia, која Microsoft ја купи минатата година.
За да ја поттикне продажбата на Windows, Microsoft најави за крајот на јули нов Windows10, откако Windows8 не помина најдобро на пазарот.
Добивката и приходите на Microsoft се исто така под притисок на високиот курс на доларот кој во минатата година се зголеми за 10% во однос на сите светски валути, а поради кои опаѓаат приходите на компанијата на странските пазари.
На почетокот на овој месец компанијата најави укинување на 7.800 работни места или скоро 7% од вкупно вработените ширум светот, а притоа најмногу работни места ќе бидат укинати во работењето со мобилните телефони.
Во целата измината година Microsoft отствари раст на приходите за 6,7 милијарди долари во однос на претходната година, додека добивката му е преполовена на 12,2 милијарди долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top