Џихадистите на Исламската држава наводно почнале да користат кокошки како мобилни импровизирани експлозивни направи, пишува британски DailyMail.
Фотографии на таканаречени “кокошки самоубијци” масовно се споделуваат на интернет, иако нивната автентичност сеуште не е потврдена, наведува британскиот весник.
Припадници на екстремистичката група која делува во и околу ирачкиот град Фалуџа, наводно врзуваат експлозивни појаси на кокошки, кои потоа ги усмеруваат кон непријателските кампови. Откако ќе се најдат на дометот за напад, екстремистите на Исламска држава ги активираат експлозивните направи со помош на далечински управувач, убивајќи сè што ќе се најде во близина.
Употребата на вакви експлозивни направи покажува дека Исламската држава полека останува без муниција после години на борби во Сирија и Ирак, констатира весникот.
“ISIS ќе ги искористи сите можни средства да предизвика смрт и разорување. Користење на животни имаат мала воена вредност – тоа е само уште еден пример како нивните изопачени умови смислуваат бизарни начини да убиваат луѓе”, рекол неименуван британец кој се бори на страната на курдските војници во регионот.
Бизарното тврдење дека ISIS користи таканаречени “кокошки самоубијци” доаѓа неколку дена по извештајот дека таа група врзала импровизирана направа на една коза, која била пратена во курдската база во сирискиот град Кобане.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град