Опасности кои се кријат во коцките мраз

Летните температури носат и поголема употреба на коцки мраз, но…

 |  инфодеск  | 

Иако лицата со здрав имунолошки систем се отпорни на бактериите во мразот, микробиолозите велат дека не е познато какви последици на здравјето може да има нивната долгорочна употреба па затоа е потребно мразот да се третира на правилен начин.

Во машината за правење коцки со мраз се акумулираат бактерии и тие ја контаминираат водата за време на процесот на замрзнување. Воглавно овој апарат не се третира како останатите апарати во домаќинството т.е не се чисти поради предрасудата дека не е валкан. Меѓутоа, тоа е грешка и потребно е редовно чистење.

Најголем виновник за контаминацијата е мувлата. Иако ниските температури не поттикнуваат создавање на мувла, до проблемот доаѓа ако апаратот за мраз често се исклучува. Тогаш доаѓа до топење, се таложи влага и на крај се создава мувла. Апаратот за мраз задолжително треба да се очисти пред употреба, а нарочито ако бил долго време вон употреба.

Бактериите ја сакаат лопатката за мраз. Ако келнерот ја фаќа лопатката за мраз со неизмиени раце и ја врати во апаратот за мраз, бактериите од неговите раце преоѓаат во апаратот и директно на мразот. Ова истото важи и за домашното вадење на мразот од садот за мраз. Секогаш измијте ги рацете пред да почнете со вадење на мразот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top