Десетици прехранбени производи во Грција ќе поскапат со зголемување на стапката на ДДВ од 13% на 23%, што е дел од договорот кој премиерот Алексис Ципрас го потпиша со кредиторите, како услов за земјата да ја добие потребната финансиска помош.
Поскапување се очекува кај кондиторските производи, безалкохолните пијалоци, соковите, конзервираните производи, чоколадите, кафето, растителните масла, дел од млечните производи…
Со 8% се очекува да поскапат шеќерните производи, безалкохолни пијалоци, сокови, конзервираната храна, чоколадните производи, кафето, растителните масла, маргаринот и путерот од животинско потекло, а исто така и школарината, поправачките услуги и други.
Со 23% ДДВ ќе бидат оданочени исто и билетите за градскиот транспорт, такси тарифите, билетите за возовите и авио билети за внатрешни дестинации.
Непроменети ќе останат цените на месото, рибите, растителните семиња, зејтинот, водата, електричната енергија, природниот гас, товарниот транспорт, ортопедските помагала, социјалните и погребални услуги, паркинзите…, кои и понатаму ќе се оданочуваат со стапка на ДДВ од 13%
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град