Најпопуларната мрежа Facebook тестира нова опција

Оваа година Facebook инкасира 60 милијарди долари од огласување

 |  инфодеск  | 

Предвидувањата дека најпопуларната социјална мрежа Facebook наскоро ќе почне да паѓа и ќе пропадне се покажаа лоши и се покажа сосем спротивното а тоа е дека Mark Zuckerberg и неговата компанија од дигитално огласување ќе заработи неверојатни 60 милијарди американски долари.
По проценката дека оваа година во on-line трговијата ќе се свртат неверојатни 350 милијарди долари, во Facebook увиделе дека не смеат да останат вон трката по дел од колачот. Токму тоа ги натерало да ја тестираат можноста да може да се купува директно на нивната страница, што за нив ќе има повеќекратна корист. Прво, корисниците уште повеќе време ќе проведуваат на Facebook, а второ ќе имаат провизија на секој продаден производ ако оваа услуга заживее, во што никој не се сомнева.

Веќе сега просечниот корисник 13% од времето проведено на интернет го поминува на Facebook, а компанијата тој процент сака да го зголеми. Што истовремено ќе ја зголеми и заработката. Тестирањето на новата можност ја потврди за BuzzFeed и маркетинг менаџерката на компанијата, Emma Rodgers.

“Да, тестираме нова on-line трговија на нашата страница, сакаме да им овозможиме на компаниите кои имаат своја Facebook страница да ги претстават своите производи директно на неа”, рекла Rodgers. “Секако дека константно ќе додаваме нови можности и фукнционалност за да го подигнеме нивото на потрошувачкото искуство на Facebook”, додала Emma Rodgers.
Facebook одамна не е платформа само и исклучително за дружење, туку своевиден сурогат на реалниот живот, а милиони лица ширум светот наскоро ќе имаат и сопствена виртуелна трговија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top