Тужба против човекот кој го сруши MH17 на Malaysia Airlines

Две посебни истраги, американска и холандска, укажуваат на иста причина

 |  инфодеск  | 

На 17 јули ќе помине една година од падот на авионот на Malaysia Airlines со 298 патници над источна Украина. Истрагата за несреќата во која немаше преживеани сеуште не е завршена, но CNN пишува дека извештајот на холандските безбедносни служби укажува дека авионот е срушен со проектил BUK и дека го испукале проруските бунтовници.

Но, извештајот исто така со прст вперува и во Malaysia Airlines бидејќи кобниот лет МН17 од Амстердам за Куала Лумпур одел преку воена зона и покрај предупредувањата на можни опасности, за што постојат пишани записи. Другите авиокомпании воглавно ги сменија рутите по предупредувањата, но не и Malaysia Airlines.

Драфт извештајот на неколку стотици страници е испратен на адресите на бројни агенции, но официјалните резултати од истрагата холандските истражители планираат да го објават најрано во октомври оваа година.

Но, некои фамилии на загинатите немаат трпение да ја чекаат новата објава. Како што пишува Telegraph 18 фамилии на загинатите подигнале тужба во Чикаго против лидерот на проруските бунтовници, Игор Горкин, познат како Игор Стрелков, од кој бараат надомест на штетата од 900 милиони долари.

Како што е наведено во судските акти, главниот аргумент е дека токму тој е виновен бидејќи неговата изјава е објавена на социјалните мрежи по падот на MH17 – “ги предупредивме, не летајте над нашето небо”. Токму оваа реченица, сметаат обвинителите, укажува дека авионот не е погоден случајно.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top