Alibaba осомничен за рушење на акциите во Кина

Комисијата за хартии од вредност ја проверува платформата која е одговорна за падот на цените на акциите

 |  инфодеск  | 

Кинескиот регулатор за хартии од вредност вчера објави дека врши истрага во компанијата Hundsum Technologies, поврзана со џинот за интернет трговија Alibaba, а сомнежите се темелат дека се вплеткани во неодамнешните превирања на пазарот со акции.
Платформата за вложувања на Hundsom, HOMS, овозможува на финансиските компании и на своите клиенти алатки за тргување, вели американската агенција за финансиски вести Bloomberg. Кинеската регулаторна комисија објави дека организирала полициска инспекција во Hundsom во потрага по докази за можно кршење на прописите за хартии од вредност, но детали за таа акција нема. Меѓу акционерите на Hundsom спаѓа и Ant Financial, компанија за финансиски услуги поврзана со Alibaba.
Основачот на Alibaba, Jack Ma ги негирал овие обвинувања дека е вмешан во падот на акциите. “Ме шокираа тврдењата дека сме вмешани во катастрофата на пазарот на хартии од вредност и дека јас сум предизвикувачот на крахот на берзата”, изјави Jack Ma лидерот на компанијата. “Луѓето често го спомнуваат вашето име иако тоа нема никаква врска со тоа”, додал тој. Во Ant Financial не сакале да ги коментираат медиумските известувања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top