Веќе од порано Booking Now апликацијата е достапна за iOS на Apple и компатибилните уреди, вклучувајќи го и паметниот часовник Apple Watch, па затоа компанијата се одлучи и за пазарот кој го држи Google и неговиот Android. Иако имаат звучно име, компанијата која стои зад Booking.com сервисот е свесна дека не е водечка во сегментот на туристички планирања и резервации, но апликацијата за Android секако би требала да им донесе раст на бројот на корисници. Дали е правиот момент за продукција на апликацијата во екот на туристичката сезона е тешко да се каже, но ако во Booking.com така процениле тогаш е веројатно така.
Stuart Frisby, главен дизајнер на Booking.com, го објаснил овој потег на следниот начин: “Скоро половина од “last-minute” резервациите, односно оние кои се обработуваат во последните 48 часа од доаѓањето на посакуваната дестинација, ја прават корисниците на своите мобилни уреди. Модерните номади се сѐ побројни и често го резервираат своето сместување кога веќе се наоѓаат на некоја дестинација, а ние ќе настојуваме во тоа да им помогнеме. Едноставно, корисниците со Android уреди ги има многу и знаеме дека тоа не смееме да го занемариме”.
Имено, Booking.com за iOS забележала поприлично добри резултати и затоа во компанијата веруваат дека тоа исто ќе се случи и на Android.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град