По прв пат Google ќе соработува со Кинези

Наскоро пристигнува мобилниот ѕвер на Google во соработка со кинеска компанија

 |  инфодеск  | 

Google досега секоја година претставува по еден модел на смартфон Nexus чии главни карактеристики беа силниот хардвер, пристапната цена и нова верзија на Android. Гласините кои со месеци кружат по интернет велат дека интернет џинот оваа година ја менува стратегијата и по прв пат ќе претстави два модели на смартфони, а исто така по прв пат ќе соработува со една кинеска компанија – Huawei.

Со соработката со кинеската компанија Google ќе се обиде да го зголеми своето влијание во Кина, предвидуваат на страницата BGR.com, додека Huawei ова партнерство ќе го искористи за понатамошно ширење на други светски пазари, најмногу на американското, и за зголемување на препознатливоста на својот бренд и зголемување на продажбата на други производи како на пример таблети и паметни часовници (Huawei Watch е еден од најдобрите паметни часовници кој го покренува Android Wear).

Што се однесува до самиот телефон, новиот Nexus би требало да биде прав ѕвер со дијагонала од дури 5,7 инчи, резолуција од 2,560х1,440 пиксели, ќе работи сo процесор Snapdragon 810, 3GB RAM и 3,500 mAh барерија. Освен овој телефон, Google за есен планира претставување на уште еден Nexus кој би требало да биде во соработка со LG и овој модел ќе има екран со дијагонала од 5,2 инчи HD резолуција, ќе работи со Snapdragon 808 и секако најнова верзија на Android.

Оваа тактика со два телефони, односно телефони со дијагонали околу 5 инчи и фаблет со дијагонала од 5,5 и повеќе инчи веќе е применета од другите големи компании како Samsung и Apple.

За љубителите на смартфони и на оние кои наскоро имаат намера да купат некој од топ моделите, возбудливо е тоа што следниот месец Samsung ќе го претстави својот нов фаблет од серијата Galaxy Note, а септември е резервиран за Apple и новите модели на iPhone.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top