Предлогот поддржан, Ципрас остана без поддршка од Сириза

Самиот премиер признал дека се работи за тешки мерки

 |  инфодеск  | 

Грчкиот парламент ноќта помеѓу петок и сабота со мнозинство гласови го поддржа новиот реформски пакет кој на премиерот Ципрас ќе му овозможи продолжување на преговорите со меѓународните кредитори за продолжување на финансиската помош.

Иако самиот Ципрас пред парламентот признал дека се работи за тешки мерки, на крајот од 300 пратеници вкупно 251 гласале “за”, 32 биле против и 8 биле воздржани, а 9 не биле присутни.

Против новиот предлог, кој претставува комбинација на зголемување на даноци и намалување на потрошувачката, се изјасниле седум пратеници на владеачката Сириза, додека осум биле воздржани, но потребното мнозинство не било доведено во прашање бидејќи пакетот мерки го поддржале проевропските опозициони партии.

По добиената поддршка во парламентот Ципрас објавил дека сега има “силен мандат за довршување на преговорите за да се постигне економски веродостоен и социјално праведен договор”.

Пред гласањето на грчките парламентарци, агенциите AFP и Reuters објавиле неофицијална информација дека Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд новиот предлог го оцениле како основа Грција да ги започне преговорите за новата програма на помош тешка 74 милијарди евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top