Портпаролот на грчката влада, Габриел Сакеларидис, изјави дека Грција е уверена дека може да постигне договор со меѓународните кредитори, а кој може да добие зелено светло во грчкиот парламент.
“Уверен сум дека договорот ќе добие поддршка на парламентарната група на Сириза и владеачката коалиција”, рекол портпаролот за грчката телевизија Антена.
“Владата чини сè што може за да постигне договор и да го заврши овој период на неизвесност” рекол Сакеларидис.
Спрема пишувањето на Катимерини наместо очекуваните 0,5% за оваа година, месеци на неизвесност и две недели ограничување на прометот на капитал, се знае дека рецесијата ќе биде околу 3%.
“Се проценува дека износот за мерките вредни 8 милијарди евра кои Грција ги предложи за 2015 и 2016 година ќе мора да се зголемат за 2 милијарди евра годишно што вкупно ќе изнесуваат 12 милијарди за две години”, наведува весникот и се прашува зошто воопшто беше потребен референдум.
Грција минатат година направи исчекор од длабоката рецесија која го намали нејзиниот БДП за една четвртина во период од шест години.
Левата влада на премиерот Ципрас е соочена со рокот до петок да поднесе предлог реформи во замена за финансиска помош. Доколку европските партнери бидат задоволни со предлогот тие ќе го поддржат на самитот во недела, а доколку не го поддржат тогаш Грција е соочена со можноста да ја напушти еврозоната.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град