Се урна воен транспортен авион среде град

Спасувачите сеуште се во акција и нема официјален број на загинати

 |  инфодеск  | 

Индонезиски воен транспортен авион се урна на хотел и куќи во градот Медан на северот од Суматра при што загинале најмалку 37 лица.

“Спрема последните податоци околу 30 лица загинаа…Таа бројка би можела да расте”, изјавил за Reuters Хисар Турнип, портпарол на индонезиската агенција за трагање и спасување. Во авионот биле 12 членови на екипажот, а биле на пат од базата во Медан кон оддалечените острови Натун.

Авионот се урнал неколку минути по полетувањето, и тоа на две куќи, автомобил, а потоа прелетал над дрвата во паркот за да кулминира со огромен пожар. Во тек е акција за спасување, а репортерката на BBC Alice Budisatrijo рекла дека од комплетниот авион само опашката останала во состојба на препознавање.

Постојат и дојави дека некои луѓе останале заробени во внатрешноста на објектите, а во блиската болница се носат тела пронајдени на теренот. Со оглед дека спасувачите сеуште се во акција, рано е да се каже официјалната бројка на загинати и што била причината за падот на авионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top