Google повторно е најпосакуван работодавач помеѓу младите на новата листа на најдобри светски работодавачи.
Во неодамна објавеното истражување на Universum, фирма која се занимава со анкетирање и истражување на јавното мислење, може да се види попис на најпосакувани работодавачи во светот. Анкетата е направена помеѓу студентите на економија и ИТ технологијата со прашањето – кој би бил за нив идеален работодавач. Како и во досегашните истражувања уверлива победа однесе Google. Таа компанија својот добар рејтинг го должи на креативното опкружување за работа, платите се добри, на младите мајки им е овозможено породилно отсуство, а на работа им е овозможена бесплатна и добра храна.
Universum истражувањето го спровел на повеќе од 242.000 студенти во Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Јапонија, Русија и САД.
Оваа е листата на нивниот избор: Google, PWC, EY, Goldman Sachs, KPMG, Deloitte, Apple, Microsoft, J.P.Morgan и P&G.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град