Carlsberg ја лансира Carlsberg Beer Beauty, линија на машки козметички производи која вклучува шампон, регенератор и лосион за тело.
За разлика од екстензиите на некои брендови, кои само го носат популарното име, шампонот на Carlsberg во себе навистина содржи половина литар лиофилизирано пиво (замрзнато и вакумски суво) во секоја боца од 250 ml.
Добро е познато дека јачменот и хмељот во пивото (богати со витамини и протеини) се добри за здравјето на вашите фоликули, но се поставува прашањето колку љубителите на пиво ќе прибегнат на оваа козметичка линија на производи бидејќи сет на овие производи ќе чини 64 евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град