Мистериозно откажување на моторите – Авион понирал 4 км

Авион на Singapore Airlines со 182 патници паѓал 4 км

 |  инфодеск  | 

Airbus А330 на компанијата Singapore Airlines кој летал на релацијата Сингапур – Шангај влетал во невреме на висина од 11 км, а на 250 км од Хонг Конг откажале двата мотори.
Авионот паѓал 4км додека пилотите успешно повторно ги стартувале двата мотори. Авионот успешно е приземјен и инстантно е одведен на испитување, пишува Mirror.
Она што е забележано е тоа дека на моторите воопшто немало никакви дефекти. Токму поради тоа е покрената додатна истрага околу мистеријата на откажување на моторите во сопственост на авиокомпанијата Singapore Airlines.
Портпаролот на компанијата рекол во соопштението дека авионот кој летал од Сингапур за Шангај го зафатило невреме по 3 часа летање.
“Двата мотори во еден момент изгубиле снага, а еден од нив е вратен во погон по неколку секунди. Пилотите ги следеле оперативните процедури при вклучување на моторите. Откако ги оспособиле моторите, авионот повторно ја постигнал зададената висина и успешно слетал во Шангај”, рекол портпаролот на компанијата Singapore Airlines.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top