Во најава две големи превземања на големи компании

Google со намера да го купи Twitter?

 |  инфодеск  | 

Минатата недела по интернет се проширија две гласини за потенцијални аквизиции на големи компании – една од нив е дека Microsoft има намера да го купи BlackBerry, а другата е дека Google би можел да го превземе Twitter. Ова го тврди новинар на Bussines Insider кој минатата недела присуствувал на Engage 2015 конференцијата во Прага и на која разговарал со бројни влијателни луѓе и директори на технолошки компнаии. Посебно го потенцирал одговорот на еден директор (не го открил неговиот идентитет), кој има конекции и во Google и во Twitter, на прашањето дали треба да се продаваат акциите на Twitter, тој го советувал да ги сочува бидејќи како што се чини Google би можел да го превземе Twitter. Новинарот напоменува дека ова се моментални нагаѓања, но станува збор за предвидување на лице кое е запознато со ситуацијата во двете компании и кое работи со нив.

Постојат две причини на кои ова лице ја темели својата теорија – прво, се ближат избори во САД и референдумот за останување на Велика Британија во Европската унија, а токму Twitter е идеална платформа за објава на најнови вести поврзани со овие настани, така што важноста на Twitter во следниот период веројатно ќе се зголеми. Исто така, неодамна Google и Twitter потпишаа договор спрема кој во резултатите на пребарување ќе се прикажуваат и најнови твитови со што тие резултати на пребарување ќе даваат најнови и најрелевантни информации, додека на Twitter ќе се прикажуваат огласи на Google. Токму ова партнерство е потенцијален тест на аквизицијата на Google бидејќи ако пребарувањето на твитови го подобри пребарувачот на Google, а продажбата на огласите на Google кои ќе одат на Twitter ја зголеми заработката, тогаш Twitter навистина би можел да стане мета на аквизиција на Google.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top