Сирија е во рацете на Исламската држава

Сириската влада не ги конторлира повеќе границите со Ирак

 |  инфодеск  | 

Милитантите на Исламската држава го окупираа и последниот дел од границата помеѓу Сирија и Ирак која ја контролираше сириската влада, јавува една група на сириски активисти.

Владините сили се повлекле од Ал Танфа и Исламска држава почна да влегува во тој регион. Превземањето на Ал Танфа се случува отакако беше превземена Палмира во четвртокот.

Официјални лица на САД изјавиле дека ќе биде изнимно тешко да се борат со милитантите.

Исламската држава сега контролира повеќе од 50% на територијата на Сирија, а своја контрола имаат над провинциите Деир Езор и Рака, а присутни се и во Хасакех, Алеп, Хомс и Хама.

Сепак дописниците на BBC тврдат дека делови на територијата на истокот од Сирија кои го контролира Исламската држава не се стратешки значајни.

Но, Исламската држава направи напредок и во Ирак освојувајќи го, по еднонеделни борби, Рамади. По тој повод Претседателот на САД, Барак Обама, изјави дека САД и партнерите “нема да ја загубат оваа војна” – “Нема сомнение дека ова е тактички чекор нананзад, но Рамади е ранлив веќе подолго време. Тренингот на ирачките сили, утврдувањето и системот на команди не се случуваат доволно брзо во Анбар, во сунитските делови на земјата”, рекол Обама.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top