Американскиот претседател постави нов рекорд на Twitter

Barack Obama се придружи на Twitter заедницата и ќе комуницира директно со граѓаните

 |  инфодеск  | 

Американскиот претседател, Barack Obama, конечно се придружи на Twitter заедницата (@POTUS – President Of The United States) и за само пет часа собрал повеќе од еден милион пријатели на оваа социјална мрежа. Пред него најбрзо до еден милион на Twitter стигнал актерот Robert Downey на кого му требале скоро 24 часа бројката да надмине еден милион, а овој успех на американскиот претседател го потврдиле и на страницата на Guiness World Record.

Имено, Obama веќе има еден профил на Twitter (@BarackObama) кој е покренат во 2007 година, но за негово водење беше задолжена организацијата Organising for Action, а твитовите кои на тој профил ги објавува Obama се потпишува со “bo” – овој профил го следат околу 60 милиони корисници што го ставаат на трето место по бројот на следачи на оваа мрежа, зад Katy Perry (70 милиони) и Justin Bieber (околу 64 милиони).

На блогот на Белата куќа се напоменува дека по пат на @POTUS профилот токму Obama ќе ги става своите твитови и дека директно ќе комуницира со Американците. Меѓу луѓето кои во моментов го следат @POTUS се Bill Clinton, George Bush и @FLOTUS – профилот на првата дама на Америка, Michelle Obama.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top