Сопствениците на светските модни брендови Gucci и Yves Saint Laurent подигнаа тужби пред американските судови против кинеската групација Alibaba, тврдејќи дека тој профитира од продажба на фалсификувана роба која трговците ја нудат на неговата платформа за интернет трговија.
Француската групација Kering и групацијата на нивните брендови подигнаа исто така нова тужба пред сојузниот суд во Њујорк со што му зададоа уште еден удар на настојувањата на Alibaba да ги увери компаниите и регулаторите дека вложува доволно напори за сузбивање на продажбата на фалсификувана роба.
Тужениот Alibaba “свесно поттикнува, помага и профитира од продажба на фалсификати”, се вели во тужбата која е поднесена минатата недела во њујоршкиот суд.
Од Alibaba пак порачуваат дека веруваат дека тужбите се неосновани и најавуваат дека ќе се борат против нив.
“Продолжуваме партнерски да соработуваме со низа на брендови за да им помогнеме да го сочуваат своето интелектуално сопствеништво и бележиме значителен напредок на тој план”,се вели во соопштението. “За жал, наместо конструктивна соработка, Kering групацијата се одлучи за штетна тужба”, се додава во соопштението на кинеската компанија.
Во најновата тужба на 144 страници се вели дека не само што не е стопирана продажбата, туку е овозможен пристап на трговците, кои отворено кажале дека продаваат неовластени копии, на платформата на Alibaba, а притоа се обвинува и за поштански измами и рекет, вклучувајќи ја и обработката на трансакции за роба која знаеле дека е фалсификувана.
Обвинителите од судот бараат да му наложи на Alibaba да ги објави приходите отстварени со продажба на фалсификувани часовници, торби, облека и останато за да може да се направи проценка на висината на штетата. Меѓу тужителите се Balenciaga, Bottega Veneta и Luxury Goods International.
Платформите на Alibaba кои се обвинети ги опфаќаат Taobao, онлајн маркет наменет за потрошувачи и мали претприемачи, Tmall немаенет за продажба на брендови, AliExpress како глобален трговец на мало и Alibaba како интернет страница за продажба на големо.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град