Цената на нафтата повторно оди нагоре, а во последните два месеци цената на WTI нафтата се зголеми за дури 38% и во моментот изнесувва 60,45 долари по барел. (17.03.2015 цената по барел беше 44,45 долари).
Има неколку причини за растот на цената:
Масовно затворање на наоѓалишта на нафта во САД – Од почетокот на годината во САД се затворени скоро 50% бушотини. Имено, бројот на нафтени бушотини во САД нагло се зголеми последните неколку години поради новата метода на вадење на нафта. Но, вадењето на нафтата со оваа метода е поприлично скапо, па при цена од 50 долари или помала воопшто не е исплатливо. Имајќи во предвид дека на почетокот од годината во два наврати цената падна на 45 долари по барел, нафтените компании почнаа масовно затворање и донесоа одлука да причекаат поголема цена и кога производството ќе стане исплатливо.
Пад на курсот на доларот во однос на еврото – Цената на нафтата, но и на други енергенси, секогаш се движи спротивно од курсот на доларот. Кога американскиот долар зајакнува цената на енергенсите паѓа и обратно. Имајќи во предвид дека доларот паѓа во однос на еврото, но и во однос на другите валути, во последниот месец падна за 10%, и не треба да изненадува порастот на цената на нафтата.
Интерес на дел од производителите – На многу земји кои произведуваат нафта како што се Иран, Русија, Норвешка, Канада и САД не им одговара ниската цена на нафтата бидејќи вадењето при цена од 50 или помалку долари по барел е неисплатливо и тежнеат по повисока цена. Веројатно единствена земја на кого во интерес е привремено ниската цена е Саудиска Арабија, на која уделот во глобалното производство постојано е во опаѓање. Со рушење на цената Саудијците сакаа да уништат дел од производството во САД и други земји, и на тој начин да го задржат високиот удел во пазарот на нафта.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град