Спрема најновиот извештај на француските истражители, Andreas Lubitz, кој се сомничи дека го сруши авионот каде загинаа 150 луѓе и членови на екипажот, пред кобниот лет вежбал како да ја намали амплитудата, односно намалување на висината на летот.
Иако извештајот на француските истражители беше предвиден за објава денес, германскиот весник Bild во своето вчерашно издание ги спомнува изворите од BEA, кои говорат за податокот дека Lubitz тренирал намалување на висината на летот од Диселдорф кон Барселона, истиот ден кога на враќање кон Диселдорф во смрт однесе 150 луѓе, пишува Telegraph.
Обвинителот верува дека 27-годишниот Германец, копилотот Andreas Lubitz го заклучил пилотот од надворешната страна од пилотската кабина, а потоа стрмоглаво го срушил авионот кој летал на релација Барселона – Диселдорф.
Досегашната истрага откри дека Lubitz пател од изнимно тешка депресија, а пребарувањето во неговиот личен компјутер покажало дека тој пребарувал начини на кои е можно да изврши самоубиство. Истражителите во неговиот дом пронашле и медицинска документација спрема која Lubitz на тој ден не смеел да лета.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град