Банки откриле илјадници ничии сметки

Пронајдени се илјадници неактивни сметки во швајцарските банки

 |  инфодеск  | 

Швајцарските банки откриле илјадници сметки отворени пред 1955 година, кои од тогаш не биле активни воопшто, пренесува германскиот весник Welt am Sonntag.
Портпаролката на здружението на швајцарските банки потврдила дека истрагата покажала дека ниту временски ниту географски овие сметки не се поврзани со националсоцијализмот во Германија. Спрема нејзините зборови станува збор за клиенти од Швајцарија и странство.
Овие сметки излегоа на виделина по усвојувањето на новиот закон кој ги обврзува банкарските институции да ги објават сметките на кои нема активности подолго од 50 години.
“Банките можат сега да побараат право на превземање на тие суми кои не се подигнати повеќе од 50 години, инаку би завршиле во рацете на државата”, објаснила портпаролката.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top