Драматичниот викенд во Волксваген ја означи оставката на претседателот на компанијата Ferdinand Piech со што заврши една ера за компанијата.
Иако кон крајот на неделата во германските медиуми Piech тврдеше дека има помирување со извршниот директор Martin Winterkorn и дека постигнал договор за понатамошна соработка, за време на викендот до Надзорниот одбор дошле информации дека Piech со шефот на Порше, Matthias Muller договорил тој да го превземе лидерското место на Волксваген. Членовите на Надзорниот одбор од редовите на синдикатот и покраината Долна Саска каде е седиштето на VW одлучиле на Piech да му дадат ултиматум – или сам да си поднесе оставка или тој ќе биде сменет на седницата на Надзорниот одбор и дека им е доста од игрите на Piech , пишува Reeuters. Внукот на основачот на компанијата ја одбрал првата опција.
На местото претседател привремено го заменил Berthold Huber, екс лидер на моќниот синдикат IG Mettal. Иако конфликтот помеѓу Piech и Winterkorn наизглед заврши со пораз на Piech, тамошните познавачи тврдат дека всушност обајцата се губитници, а синдикатот ја засилил својата позиција во најголемиот европски производител на автомобили.
“Ништо во Волксваген не може да се направи без синдикатот – тоа е едноставна, но тажна вистина. Winterkorn победи во оваа битка, но многу е веројатно, по цена да стане поранлив на влијанието на синдикатот”, тврди Jurgen Pieper, аналитичар на Bankhaus Metzler. Имено, Winterkorn започнал да спроведува план на штедење со кој до 2017 година би требало да се намалат трошоците за пет милијарди евра.
Што се однесува на Piech, германската јавност не очекуваше дека толку лесно ќе замине од компанијата и да го остави своето животно дело. Како извршен директор беше на кормилото на VW од 1993 до 2002, а потоа и на местото претседател. За тоа време го претвори Волксваген од загубар во профитабилна компанија, иако имал и погрешни одлуки, како моделите Phaeton, Buggati Veyron и Audi 2. Но, групацијата денес продава преку 10 милиони возила, има приход од 200 милијарди евра и произведува во 118 фабрики во 31 држава во светот. Прашање е како ќе се постави сега Piech кој држи 13% од акциите на компанијата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град