Сопственикот на Warner Muzic, Len Blavatnik, е најбогат човек во Британија за 2015 година, со имот кој се проценува на преку 13 милијарди фунти, пишува Sunday Times.
Blavatnik роден во Одеса – Украина, по националност Американец, а по место на живеење Британец, го превзеде првото место од браќата Hindu, чие богатство вреди 13 милијарди фунти.
Blavatnik, чии инвестиции се движат од индустријата на метали и нафта до музичка продукција и дигитални медиуми, поседува куќа во Лондон вредна 41 милион фунти, а на Универзитетот во Оксфорд му подарил 75 милиони фунти за да основаат негово Управно училиште.
Вкупното богатство на најбогатите 1.000 поединци и фамилии во Британија е повеќе од двојно во последните десет години и достигна цифра од 547 милијарди фунти.
Англиската кралица Elizabeta, која на првата ваква листа беше на прво место во 1989 година, по прв пат испадна од листата на првите 300 најбогати.
На листата има 117 милијардери, за 13 повеќе од 2014 година, а од нив 80 живеат во Лондон.
Сопственикот на Челзи, Roman Abramovich, го завзеде десеттото место на листата со богатство од 7,29 милијарди фунти, односно 1,23 милијарди помалку од минатата година.
За да се најде некој на листата од 1.000 најбогати луѓе во Британија треба на сметката да има минимално 100 милиони фунти, за разлика од минатата година кога биле потребни 85 милиони фунти.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град